Министерот Аријанит Хоџа во петокот на состанокот со Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари, вети дека внимателно ќе го следи целиот процес за да биде што е можно потранспарентен. Денеска, тој беше присутен на откупниот пункт на „Сокотаб“ во населбата Драчево за да ја набљудува проценката на тутун. Комисијата отвори и процени 12 кутии тутун. При тоа само во една од спорните кутии беше утврдено дека има грешка при проценката, односно наместо втора класа, беше проценето како од трета класа.
Министерот Хоџа ги повика сите учесници во овој процес да бидат трпеливи, бидејќи само на овој начин ќе можеме да ги решиме сите проблеми што ги имаме со тутунот.
Државниот инспекторат секој ден е на терен и ќе постапува согласно законот за евентуални неправилности.
No comments:
Post a Comment