Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа денеска одржа работен состанок со Сојузот на тутунарски здруженија, Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и претставници на откупните компании.
Постигнат е заеднички договор за прекин на протестите. Сите откупни пунктови да се отворат согласно законскиот рок 15. декември. Тутунопроизводителите да продолжат да го носат тутунот.
Министерот побара од директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, инспекторите да бидат присутни со засилени контроли, да го следат откупот и законски да постапуваат за сите евидентирани нерегуларности.
Тутунопроизводителите кои ќе бидат незадоволни од проценетата класа на тутун, слободно да се повикаат на второстепена комисија.
До 10. декември оваа година, откупено е само 1.6 % од договорената количина тутун, што претставува многу мал процент, споредено со истиот овој период лани кога биле откупени 40%.

No comments:
Post a Comment