Во салата на општинската зграда во Прилеп, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, одржа средба со Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и Сојузот на тутунарски здруженија.
Во напната атмосфера, тутунарите го искажаа своето незадоволство од непочитувањето на договорот од петокот, од страна на откупните претпријатија како и незадоволство од проценката на тутунот.
Министерот Хоџа ги извести тутунарите за денешниот состанок кој беше одржан заедно со премиерот Заев и откупувачите. Тој повика на воздржаност и почитување на договорот од петокот, постигнат помеѓу двете страни. Г и извести тутунарите за моменталната откупена количина и просечната откупна цена.
Најавена е повторна средба во петок, на која ќе присуствуваат двете страни, за да биде направен пресек на количината на откупен тутун за оваа недела. Преку тие бројки ќе се добие солидна основа за разговор и анализа.
Тутунарите најавија протести кои нема да го загрозат откупниот процес.

No comments:
Post a Comment