loading...

Friday, December 18, 2020

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа оствари прва средба со амбасадорот на Италија Н.Е. Андреа Силвестри !

 Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа оствари прва средба со амбасадорот на Италија Н.Е. Андреа Силвестри, на која тие искажааа обострано задоволство од досегашната соработка и успешните проекти спроведени со помош на Италија во рамки на Twinning проекти и TAIEX програми, со кои е пренесено многу големо искуство во повеќе области од аспект на органско производство, заштитени ознаки за квалитет на земјоделски производи, безбедност на храна во делот на фитосанитарниот и ветеринарен систем, како и значајна поддршка во други области.

Амбасадорот Силвестри истакна дека Италија посветува големо внимание на квалитетот на земјоделските производи и примена на високи стандарди, со што нивните производи се конкурентни и препознаеникако на домашниот така и на странските пазари.
На средбата беше изразена спремност од двете страни за потпишување на Меморандумот за соработка меѓу двете министерства, во кој е даден детален опис на областите од взаемен интерес и предвидува научна и техничка соработка, размена на информации и искуства од областа на земјоделството, шумарството и водостопанството
преку примена на нови технологии, можности за инвестиции во земјоделството и експертски обуки.

No comments:

Post a Comment