Оваа година преку Програма за финансиска поддршка на руралниот развој, беше објавен повик за Мерката која го поддржува поттикнувањето на земјоделското производство на земјоделски стопанства чии носители се млади земјоделци.
Денеска, министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со премиерот Зоран Заев и заменик директорот на АФПЗРР Ремзи Абдулахи, ги доделија првите пет договори.
На сите млади земјоделци, кои ја добија поддршката од 20.000€, министерот им порача да продолжат да и веруваат на својата држава, и нагласи дека сите дека ќе ги следиме и поддржиме во нивниот успех. Нашата цел е на младите да им овозможиме достоинствен живот и што повеќе да учествуваат во земјоделството за нивната иднина да ја градат тука во нашата држава.

No comments:
Post a Comment