loading...

Monday, December 14, 2020

КОИ БОЛЕСТИ СЕ НАЈЧЕСТИ КАЈ ПЧЕЛИТЕ И КАКО ПЧЕЛАРИТЕ СЕ СПРАВУВААТ СО НИВ?

 Најчести болести  во нашето поднебје кај пчелите се вароа и ноземоза кои всушност се  и најголемите штетници во пчеларникот. За третирање на овие болести има неколку лекови на нашиот пазар и тоа  лекови на база на хемија и лекови на природна база, а што ќе се користи  зависи исклучиво од  пчеларот  дали  тој ќе сака да користи конвенционални или органски препарати.  Ако разговарате со искусни печелари тие ќе ви кажат дека, како што пчеларот ја  чувствува болеста кај  себе така и ќе ја чуствува и болестата кај пчелите што ги одгледува.


Субвенциите за пчели

Кај нас субвенциите за одгледување на пчели  се различни во зависнот од бројот на пчелни семејства и тоа:

 Од 10 до 49 пчелни семејства , изнесуваат  600 денари за пчелно семејство

Од 50 до 100 пчелни семејства – 800 денари за пчелно семејство

Од 100  пчелни семејства па нагоре, исто така е  е 600 денари по пчелно семејство.

Доколку се одлучите за  органско сертифицирано пчеларење тогаш  се исплаќаат дополнители 200 денари за едно пчелно семејство.

ОСИГУРУВАЊЕ – СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР

Земјоделското осигурување е важна мерка доколку сакате сериозно да се занимавате со некој агробизнис и да бидете сигурни во производството, а тука секако спаѓа и пчеларството. Токму затоа и Владата на РСМ има мерка со која на земјоделците им субвенционира 60% од осигурителната полиса со што значително се намалува трошокот за осигурувањето.

За подетални информации околу условите за  осигурување на пчелни семејстава можете да се обратите  во СН осигурителен брокер  и тоа кај  овластениот брокер за тоа

 Александара Кулевска 078 237 529 емаил:aleksandra.petrovska@snbroker.mk

Дали треба да се биде регистриран земјоделец за да се започне со одгледување на пчели?

Ако пчеларот има повеќе од 10 пчелни семејства треба да биде евидентиран во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Исто така треба пчелното одгледувалиште да го пријави во Агенцијата за храна и ветеринарство. Со самата регистрација тој добива право на субвениции но исто така и право за да аплицира за мерки како „Млад земјоделец“ и други национални и ИПАРД фондови предвидени за рурален развој. Секако треба да се напомене дека и правни лица можат да се занимавааат со пчеларство.


Ова  се само основните работи  што пчеларите почетници треба да ги знаат. За сите оние кои ќе продолжат да се занимаваат сериозно и кои сакаат од пчеларството да направат сопствен бизнис треба секој ден да учат по нешто. Пчеларите почетници  мора да има сопствен ментор од кој ќе ги научат првите чекори во пчеларството или некој со кој ќе се советуваат, инаку  грешките  можат скапо да ги чинат. Добро би било да се зачленат во некое здружение на пчелари каде секојдневно ќе контактираат со луѓе од оваа област.

Исто така постои и литература која може да се купи и кај нас. Информации можат да се најдат  и одредени интернет страни или платформи  специјализирани за пчеларството каде што добро се објаснети  разни методи за пчеларење но пред да се примени било која од нив мора прво да се консултираат  поискусни локални  пчелари. Некоја метода ако е успешна во друга држава кај нас може да доведе до загуби бидејќи секое подрачје има свои  специфики во однос на некои детали кој се важни во однос на успешно пчеларење.

Пласман на медот

Правилникот за продажба од куќен праг овозможува развој на малите семејни фарми.

Новиот Правилник за барањата и условите и хигиена за производство и ставање во промет на храна од животинско потекло наменета за директно снабдување, меѓу фармерите, попознат како Правилник за продажба од куќен праг почна да се применува од септември 2019 година.

Станува збор за многу важен подзаконски акт кој директно дава решение за продажба на производи од животинско потекло и има за цел олеснување на продажбата на производи од животинско потекло односно фармерите да можат директно да ги пласираат своите производи до крајниот потрошувач, но притоа мора да задоволат одредени хигиенски критериуми.

– Новиот правилник овозможува развој на малите семејни фарми или фирми, шанса за развој на руралните средини и руралниот туризам како и можност традиционалните производи да се најдат на менито на локалните ресторани и пошироко без да биде загрозена безбедноста на конзументите. Со правилникот малите семејни фирми или фарми ќе може своите производи да ги продават од праг или директно во локалните малопродажни објекти, со што ќе ги избегнат трговците и нивните уцени – изјави Зоран Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Со Правилникот се регулира и олеснува ставањето во промет на мали количини производи кои ги произведуваат фармерите, без да се нарушува или доведува во прашање безбедноста на храната и заштитата на здравјето на потрошувачите.

Правилникот дава можност примарните производители на мед сега да го пласираат производот на целата територија на државата. Производите согласно овој правилник треба да бидат означени, односно да ги содржат основните информации за поеклото, производителот, рокот и начинот на чување, со цел да се воспостави лесна следливост на производите.



No comments:

Post a Comment