loading...

Monday, December 14, 2020

ПЧЕЛАРСТВО: Како да започнете, колкава инвестиција е потребна и колку се заработува ?!



Пчеларството кај нас во послeдниве неколку години стана популарен семеен бизнис од кој може да се егизстира но и да се заработи.

Доколку сте размислувалe да започнете да се занимавате со пчеларство, еве неколку корисни совети што треба да ги знаете околу одгледувањето на пчели и колку пари треба да вложите за почеток.

Основен предуслов за еден човек да започне да се занимава со пчеларство е тој да има огромна желба и љубов кон овој благорододен бизнис. Пчелите се живи суштества кои бараат грижа и нега и најчесто тие стануваат дел од семејството на пчеларот. Секој иден пчелар треба да знае дека во годината има и такви периоди кога пчелите бараат 24 часа на ден да се биде со нив.

Колку пчелни семејства се потребни за да може да се обезбеди една просечна плата?

Пчеларите често знаат да кажат дека пчеларникот претставува вистински рудник од кој можат да се добијат повеќе производи. Покрај медот како основен производ, тука се и поленот, прополисот, матичниот млеч, пчелиниот отров, перга, млади пчелни семејства-роеви и т.н. Затоа пред да се започне со пчеларството потребно е да се има јасен бизнис план за работа, бидејќи тој план е предуслов за успех.


Токму овој план ќе му биде водич на пчеларот кон колкав број на пчелни семејства ќе се стреми за да има економска исплатливост, односно за да обезбеди една просечна плата. Секако мора да се напомене, дека е невозможно еден почетник пчелар веднаш да набави голем број пчелни сандаци односно пчелни семејства. Прво мора на сите идни пчелари  да им е јасно дека не може да се започне бизнис со пчели од првата година. Првите 2-3 години мора да бидат период за запознавање на младиот пчелар со пчелите.

Најобро е пчеларот да  започне  со 5 пчелни семејства.

Според тоа што едно зимно пчелно семејство кај нас  чини  3. 000 денари, потоа тука треба да се искалкулира и набавката  и нови пчелни  сандаци кои чинат исто така околу 3. 000 илјади денари за еден сандук , може да се пресмета дека:

 Претежно кај нас едно зимено пчелно семејство кошта од 5. 000 до 6.000 денари, плус поготовка на нови сандаци по 5.000 илјади денари за еден сандак и треба да го има почетниот пакет за пчелари униформа, димилица, нож, четка и центрифуга кој заедно фаќат негде до 30. 000 денари.

Важно е да се знае дека првата година пчеларот треба да се  запознае со пчелите, а втората година постепено да го зголеми бројот и зголемувањето треба да заврши во третата година.

Дури потоа  треба да се зборува за вистински бизнис, односно пчеларот ќе одлучи  дали ќе продолжи да му биде  хоби или пчеларството ќе го претвори во бизнис.


Очекуван принос и заработка

Во минатото една кошница во просек давала 40 до 50 килограми мед годишно, но во последните години  климатските промени , индустријата и примената на пестициди во земјоделството, приднесоа приносот речиси сега да е преполовен. Затоа ако пчеларот планира извор на финансии да му биде претежно продажбата на мед тој треба да има најмалку 40 до 50 пчелни сандаци.

Пример : 50 пчелни сандаци x 20 кг/ мед =  1. 000 килограми мед годишно,

Ако се земе во предвид дека 1 килограм мед кај нас се продава просек по 7 евра тогаш:

1000 килограми x 7 евра = 7. 000 евра годишно

Што значи пчеларот би обезбедил една просечна плата месечно и би можел да ги покрие основните трошоци што ги има пчеларството.

Каде треба да се постави пчеларникот и кои основни алати и опрема треба да ги обезбеди пчеларот почетник?

Местоположбата на пчеларникот е пресудна за успешен бизнис. Неопходно е пчеларот да обезбеди соодветно место каде што ќе го смести пчеларникот. Бидејќи пчеларството е една специфична гранка на земјоделството, треба да се знае дека кога се одгледуваат пчели треба да се имплементира т.н „ Добра пчеларска практика„.Тоа подразбира:


-Пчеларникот да е лоциран во чиста што е можно помалку загадена средина, оддалечена од индустриски објекти

-Пчеларникот не треба да биде лоциран во близина на густо населени и фрекфентни места.

-Во пчеларникот треба да се одржува хигиената и истиот не смее да претставува опасност за околината.

 – Се препорачува во близина на пчеларникот да има чиста и свежа вода.

Исто така пчеларот почетник за да може непречено да се грижи за пчелите треба да ја обезбеди и следната неопходната опрема

Заштитна пчеларска опрема која содржи капа, мантил или скафандер, и ракавици.

 Чадалка, четка , пчеларски нож, капалка за вода

 Куферче за ситниот алат и прибор

 Бележник или картон за евиденција

Оваа опрема лесно може да се набави во добро снабдените продавници за земјоделска опрема.


Tреба да се нагласи дека кога се поставува пчеларникот треба да се внимава во негова близина да има насади од медоносни растенија. Такви растенија се на пример багремот која е една од главните паши за пчелите во источниот и средниот дел на нашата земја. Потоа питомиот костен, липата, бела детелина, а изобилство од полен имаат и глуварчето и маслодајната репка. Во близина на своите пчеларници често пати пчеларите одгледуваат и пчелинок или лимонова трева чија миризба пчелите многу ја сакаат. Погодна паша за пчелите може да биде и мајчината душица, цветот на капинката, врбата, леската и други.



No comments:

Post a Comment