loading...

Tuesday, December 15, 2020

Зошто е подобро лозјата да се прихрануваат во есен?!

 

Една од причините зошто есенското прихранување  на лозјата е неопходно, лежи во фактот дека на есен е многу полесно да се добие вистинскиот вид на ѓубриво – особено кога станува збор за минералните ѓубрива.

Се смета  дека 60-70% од ѓубрива се користат во првата половина на годината, така што остануваат само 30-40% за втората половина. Покрај тоа, многу е полесно да се добие соодветен вид ѓубриво и производителот не е принуден да користи што било, туку ѓубриво кое е прилагодено на потребите на лозјата, но и ѓубриво што ја подобрува плодноста на почвата.

 Друга  причина поради што е потребно прихранување на лозјата после бербата – на есен, е дека основните ѓубрива во есен, се ставаат на поголема длабочина, т.е. поблиску до коренот на лозата, за разлика од прихранувањето во пролет после плиткото орање.

Познато е дека главната маса на коренот  на лозницата се протега на длабочина од 25 до 60 см и подлабокото прихранување со ѓубрива кое се прави во есен е подобро и поблиску до коренот така што може да биде  целосно исористено.

Патем, основното прихранување на лозјата во есен е особено важно кај почви кои се сиромашни со фосфор и калиум.  Доколку споменатите хранливи материи се стават плитко во почвата (како што е случајот при пролетното прихранување поради плиткото орање), лозата нема да може доволно да ги искористи  во текот на следната вегетација. Затоа, есенското прихранување на лозјата и следното длабоко орање овозможува побрзо и поцелосно дејство на ѓубривото. Бидејќи почвата е посува во есен отколку во текот на зимата или раната пролет, основното прихранување на лозјето (по бербата) може да биде многу покорисно и поквалитетно.

После бербата на грозјето, нема многу работа во лозовите насади, така што овој факт му оди во прилог на прихранувањето и длабокото орање на лозјата во есен. Во спротивно сите овие агротехнички мерки ќе мора да се направат на пролет кога има други, поважни работни  во лозовите насади, но и на другите земјоделски површини. Лозарите кои планираат да ги прихрануваат лозјата со органски ѓубрива, подобро е да го прават тоа за време на есента отколку во пролет.

No comments:

Post a Comment