loading...

Monday, December 14, 2020

Бабовски : Исплатени субвенциите за органско производство

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на сметките на 658 лица исплати 91,633 милиони денари за одгледувачите на органско производство.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку соопштение за јавноста информира дека станува збор за исплата на средства за оние апликанти кои имаат поднесено барања за добивање на средства од Програмата за рурален развој, поточно аплицирале за „Мерката 215 органско производство“.





Поддршка до 20 илјади евра за 265 млади земјоделци, вложуваме 190 милиони денари во земјоделското производство

Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Ремзи Абдулахи, денеска ги доделија првите договори за поддршка до 20 илјади евра на млади земјоделци за поттикнување на земјоделското производство.

Премиерот Заев истакна дека земјоделството и производството на храна се шанса за успех и дека пандемијата со вирусот КОВИД-19 уште повеќе ја нагласи потребата населението да биде обезбедено со здрава, безбедна, квалитетна и разновидна храна од македонско производство.


No comments:

Post a Comment