loading...

Friday, December 18, 2020

Ниското образование хендикеп на руралните жени !

Жената фармер да биде поактивна во земјоделското здружување за навремено информирање, едукација и заеднички, здружен настап при изнесување и исполнување на своите права и интереси, беше речено на денешната манифестација по повод Меѓународниот ден на руралната жена, 15 Октомври, во Неготино.



- Колку се пообразовани, толку повеќе жените земјоделки ќе бидат економски независни и инволвирани во аграрната политика. Повеќе ќе знаат за употребата на пестициди и хемиски ѓубрива што ќе значи квалитетно производство, но и заштита на животната средина, рече Љубица Џониќ од Федерацијата на фармери.

Потребно е, додаде, и едуцирање за користење информатички и комуникациски технологии како основни алатки за јакнење и развој, како и едукација за претприемништво и самостојно менаџирање на фарма.

Во светски рамки руралните жени сочинуваат повеќе од една четвртина од вкупната светска популација. Околу 500 милиони жени живеат под линијата на сиромаштија во руралните средини.

Низок степен на образование е евидентиран кај сите рурлани жени во светот.

Меѓународниот ден на руралната жена во Македонија се одбележува шести пат, во организација на ФФРМ. Годинава во 80 држави се прославува по мотото „Барај го своето право за достоинство и образование“.

No comments:

Post a Comment